Британците сега би гласале за останување на земјата во ЕУ, покажа истражувањето на институтот „Би Ем Џи“, кое беше објавено денеска.
На референдумот на 23 јули 51,9 проценти од Британците гласаа за напуштање на ЕУ, а 48 проценти за останување.
На прашањето кое било поставувано на анкетата на „Би Ем Џи“ – Дали Велика Британија треба да ја напушти ЕУ или да остане нејзин член, 43 проценти од испитаниците одговориле дека треба да ја напушти, 45 проценти од нив дека треба да остане, додека 12 проценти немаат мислење поврзано со тоа прашање.
Анкетата е направена од 19 до 24 октомври на 1.546 полнолетни Британци.