Британците предупредени да не патуваат во Египет

Од:

Британското Министерство за надворешни работи ги предупреди денеска Британците да ги одбегнуваат сите патувања во Египет, освен во случај на крајна нужда и потреба.

Ова предупредување се однесува за целата територија на земјата, вклучувајки ги Луксор и Асуан и локациите со спомениците од фараонскиот период на Египет. Предупредувањето на Форин Офисот не се однесува само за брегот на Црвеното Море и на Синај.

Британците може да патуваат до одморалиштата Шарм ел Шеик, Таба, Нувеиба и Дахаб, како и до манастирот Света Катерина на Синајскиот Полуостров, но само ако ги користат аеродромте во Шарм ел Шеик и Таба.

Предупредувањето доаѓа пред денешното истекување на ултиматумот на воениот врв од 48 часа за смирување на тензиите меѓу претседателот Мохамед Морси и египетската опозиција, која се противи на „засилената исламизација“ на Египет.

Морси синоќа ја предупреди војската да остане настрана и нагласи дека ако треба „револуцијата“ ќе се брани и со „мачеништвото“ на нејзините следбеници.

Во насилствата во Египет што избуваа во петокот, загинаа преку 20 лица, а стотици други се повредени. Во Александрија е убиен еден американски турист, а во Каиро се регистрирани преку речиси сто силувања на жени.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја