Британците денеска ќе потрошат 1,2 милијарди фунти за предбожикниот шопинг

Од:

Британците денеска се очекува да потрошат 1,2 милијарди фунти за купувањето во последниот викенд пред Божик, предвидува лондонскиот Центар за истражувањето на малопродажбата.

Околу 13 милиони луѓе, од раните утрински часови се тргнати во шопинг, трошејќи 2,1 милион фунти секоја минута за подароци, облека, храна или за домакинството.

Анализите на состојбите во британската малопродажба во изминатите седум денови, што ја направи Центарот, покажуваат зголемување на трошењето пари за седум отсто во споредба со минатата година.

Најголем притисок од купувачи како и обично и овојпат има по големите стоковни куќи, кои предвидуваат двојно повеќе посетители и побарувачка, во споредба со претходниот викенд.

Во сите стоковни куќи, безбедносните мерки се зголемени, а е зголемен и персоналот за да се избегнат турканиците и долгите чекања.

Трговците одлучија денеска на денот што го нарекоа „Паничната сабота“ да работат 11 часови.

Британците имаат долга традиција за купување пред нивните божикни празници, затоа што од поодамна постои традицијата да се обезбеди подарок за сите членови во семејството ,како и за најблиските пријатели.

Многумина Британци во деновите пред Божик и веднаш во првиот ден по него, познат како „Боксинг деј“ го користат за купување на производи за подновување на домаќинствата, користејќи го и почетокот на периодот на големи намалување на цените.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство