Брисел одобри вакцината на „Фајзер“ да се дава на деца од 12 до 15-годишна возраст

Од:

Европската комисија денеска одобри употреба на вакцина на Фајзер/БиоНТек кај деца на возраст од 12 до 15 години, изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидис.

– Земјите-членки на ЕУ сега можат да одлучат да ги прошират своите програми за вакцинирање, вклучително кај деца и тинејџери. Секоја доза е важна за да се стави крај на кризата, нагласи Киријакидис.

Минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло за употреба на Фајзер/БиоНТек кај деца на возраст од 12 до 15 години. Оваа вакцина е веќе дозволена за употреба кај оваа возрасна група во САД и Канада.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Европа подготвува контрамерки за американските царини

ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Горан Наумовски

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата