Брисел: Нема да има нови преговори за договорот за Брегзит

Од:

Дваесет и седумте земји членки на ЕУ немаат намера одново да преговараат со Велика Британија за договорот за нејзиното излегување од Унијата, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева.

– Договорот постигнат на 25 ноември е најдобриот и единствено можен. Не може да стане збор за предоговарање, нагласи Андреева.

Според најавите, Долниот дом на британскиот Парламент утре треба да гласа за постигнатиот Договор за Брегзит, но Би-Би-Си, повикувајќи се на извори во Даунинг стрит, јави дека премиерката Тереза Меј го откажала гласањето.

Откажувањето на гласањето засега не е официјално потврдено, но за попладнево е најавено вонредно обраќање на Меј пред Парламентот посветено на Брегзитот.

Пред обраќањето на Меј, закажана е вонредна седница на британската Влада посветена на „следните чекори во процесот на Брегзит“.

Лондонскиот весник „Сандеј Тајмс“ уште вчера објави дека се очекува ​​Меј да го одложи утрешното гласање во Парламентот за Договорот за Брегзит, по што ќе замине за Брисел за да направи последен обид да ја убеди Европската унија за подобри услови во договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, со цел да добие поддршка од пратениците.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина