Брисел ја обвини Велика Британија за „ксенофобија“ поради ограничувњата за имигранти од ЕУ

Од:

 Европскиот комесар за социјални прашања Ласло Андор за обвини владата во Лондон за потикнување на ксенофобија, откако премиерот Дејвид Камерон навести низа мерки за ограничување на пристапот на бенифиции во домувањето и државното здравство (НХС) за имигрантите кои доаѓаат од земјите на ЕУ.

Според Андор таквите мерки се спротивни на основната повелба на Унијата за слободното движење на луЃето и на идеите низ земјите членки, што ја има прифатено и потпишано и Велика Британија при нејзиното влегување во ЕУ, пред 40 години.

– Не е чесно да се обвинуваат сиромашните луге и странците за проблемите во сопствената економија и за сегашната општа криза, вели еврокомесарот Андор.

Претходно, ЕУ ги нарече плановите на Камерон за блокирање на имигрантите и од ЕУ, а посебно оние од Бугарија и Романија, како „неинтелигентни“.

Британскиот премиер минатиот месец се закани дека владата ќе ги преземе сите потребни мерки за да се прекине со т.н. „социјален туризам“, посебно на луѓето од земјите на ЕУ, кои влегуваат во Велика Британија како туристи и на гости, а потоа бараат и користат социјални бенефиции кои се поголеми и пошироки од оние во нивните матични држави.

Поранешниот евркомесар од Велика Британија, лорд Манделсон ги осуди најавите на премиерот Камерон кои се најавуваат како брана пред очекуваниот наплив од Бугари и Романци од 1 јануари 2014 година, кога ќе бидат укинати седумгодишните ограничувања за лугето од овие две балкански земји. Манделсон смета дека тоа е закана за нов судир на Лондон со Брисел и дека една таква мерка ќе и наштети на угледот на Велика Британија.

Еврокомесарот Ласло Андор ја прекорува британската влада затоа што не ги дава податоците за социјалните давачки за европските странци, за да може да се утврди вистинската сосотојба.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно