Брисел го предупреди Фајзер: Вакцините мора да се достават навреме

Од:

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, попладнево порача дека фармацевтската компанија БиоНТек/Фајзер има обврска да ги достави ветените вакцини за втората доза.

Таа порача дека станува збор за медицинска потреба и дека во повеќето земји членки на ЕУ голем број луѓе треба наскоро да ја примат втората доза потребна за заштита од вирусот.

Вакцината на Фајзер, која прва доби авторизација на европскиот пазар, се прима на двапати. Повеќето земји почнаа да вакцинираат кон крајот на декември, по две или три недели треба да ја примат и втората доза.

Меѓутоа фирмата најави неодамна дека набавките ќе бидат забавени во наредниот период, поради што голем број земји ќе добијат помалку вакцини од предвиденото.

Запрашана на оваа тема денеска, Фон дер Лајен порача дека ова не е прифатливо за Европската комисија, која преговараше со фармацевтските фирми за групни набавки.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен