Бренде: Бегалската криза ќе продолжи, ако не се најде политичко решение за Сирија

Од:

Норвешкиот министер за надворешни работи предупреди Борге Бренде дека бегалската криза ќе продолжи, а може и да се влоши, ако не се најде политичко решение за прекин на граѓанската војна во Сирија.

Бренде по средбата со либанскиот колега Гибран Басил денеска во Бејрут, изјави дека Норвешка има договор со Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) да прими значителен број на бегалци во следните три години, што всушност претставува седум проценти од сите за кои агенцијата побарала.

Норвешкиот министер предупреди дека ситуацијата само ќе се влошува, додека има војна во Сирија, така што единствено реално решение е да се најде политичко решение за Сирија.

Во Женева портпаролката на УНХЦР, Мелиса Флеминг изјави дека програмата за распределба на бегалците предложената од Европската комисија, во оваа фаза од кризата, сама по себе, нема да биде доволна за стабилизирање на ситуацијата.

Комесаријатот веќе не очекува да бидат воведени задолжителни квоти, како што се надеваше, но повика ЕУ да се согласи да прими дополнителни 120 илјади бегалци и мигранти, како и брзо да создаде прифатни центри во Грција.

Тоа може да е последна шанса за координиран европски одговор, изјави Флеминг, по повод денешната средба на министрите за внатрешни работи и утрешната лидерска средба на ЕУ. Според неа, 477.906 мигранти годинава пристигнале во Европа по море.

Би можело да ве интересира

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ