Масовниот убиец, Андрес Беринг Брејвик, кој е осуден на затворска казна од 21 година, поради убиство на 77 лица се пожали на норвешката влада за лошите услови во затворот.
Испрати жалба до министерката за правда, Грети Фаремо и управникот на затворот, Кнуту Бјаркеиду во која ги наведе работите кои што според него се еднакви на „тешка тортура“.
Брејвик се пожалил на бројните претреси, предолгото време поминато во самица, недостатокот на активности, како и на целосна забрана на слободата на изразување.
Од безбедносни причини норвешкиот масовен убиец е одвоен од другите затвореници во посебна ќелија.