Брејвик се жали на условите во затворот

Од:

Норвешкиот масовен убиец Андерс Брејвик повторно се жали на чуварите и затворските услови.

Овој пат Брејвик се пожалил дека чуварите со затворските услови го тераат на самоубиство.

Во писмото на 27 страници кое го испратил до затворските власти напишал дека е фрустриран што стражарите му служат студено кафе, што не му дозволуваат ноќна ламба за читање и има ограничен пристап до бонбони.

Затворот каде ја издржува казната го опишал како „мал Абу Граиб“ со строг безбедносен режим и непредвидливи чувари.

Брејвик кој обвинет за убиство на 77 луѓе е осуден на 21 година затвор.

Погледнете ги условите во затворот во кој се наоѓа убиецот Брејвик.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ