Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик, осуден за терористички напади и масакар во Осло и на островот Утоја, во писмо испратено до норвешкиот весник „Моргенбладет“ се жали дека неговата пошта се цензурира.
Од 8. август лани повеќе од 450 писма, кои Брејвик ги нарекува „сосема законски“ биле стопирани, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Неговиот адвокат Торд Јордет го обвинува криминалното здравство за примена на „политичка цензура“.
Но од страна на криминалното здравство се отфрлуваат таквите обвинувања.
– Не. Станува збор за криминал. Тоа е лице кое извршило терористички напади и сега сака да објаснува какви се неговите намери за дејствување во иднина, вели затворскиот директор Кнут Бјаркеид.