Брејвик се пријави за упис на факултет во Осло

Од:

Норвешкиот масовен убиец, Андерс Беринг Брејвик ја предаде молбата за упис на Универзитетот во Осло, потврди денес шефот на катедрата за политички науки, Оле Петер Отерсен.

Тој додаде дека се уште не е донесена одлуката дали на убиецот на 77 лица, кој во моментот во затвор ја отслужува 21-годишната казна, ќе му биде одобрен упис на факултет.

Една од пречките за студирањето на Брејквик е тоа што го напуштил средното училиште пред да ги положи завршните испити.

Брејвик на 22-ри јули активираше бомба во автомобил пред зградата на владата во Осло, кога загинаа осум лица, а потоа замина на островот во Утоја каде што со оружје уби 69 лица.

На судењето се обиде да даде оправдување за своите напади, во кои тешко беа повредени уште 244 лица, истакнувајќи дека целта било да запре исламизацијата во Норвешка.

Судот го прогласи за виновен за тероризам и му ја одреди максималната затворска казна во траење од 21 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани