Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик праќа писма на десничарски екстремисти со кои ги замолува за помош во натамошната борба.
Во затворот „Ила“ кај Осло, каде што се наоѓа Брејвик, размислуваат да интервенираат околу тоа.
Самиот Брејвик вели дека осум од десет часови дневно пишува писма. Според неговиот адвокат, во писмата образложува како би сакал да дејствува во однос на присутните вредносни ставови и сфаќања во норвешкото општество.
Брејвик исто така пишува и за својата намера да стане писател и да напише три книги. Би сакал да изгради и мрежа за екстремисти.
Инаку, Брејвик во затворот досега има добиено на своја адреса околу 600 писма.