Норвешките судски власти го отфрлија барањето на масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик да присуствува на погребот на својата мајка, се наведува во соопштението на директорот на затворот Ила.
Венхе Беринг Брејвик почина вчера на 66 годишна возраст по долго боледување, соопшти адвокатот на екстремистот, што уби 77 лица во јули 2011 година.
Брејвик се уште го нема отслужено потребеното време за да има право на привремено ослободување во случај на силно аргументирани причини, а постои и ризик тој да избега, се наведува во соопштението на раководството на затворот во кој се наоѓа Брејвик.
Мајката на Брејвик не присуствуваше на ниту едно од судењата против нејзиниот син, поради болест, кој доби максимална казна затвор од 21 година.