Брејвик ќе може да студира ако му дозволи Универзитетот во Осло

Од:

На Андерс Беринг Брејвик ќе му биде овозможено да студира на Универзитетот во Осло доколку неговата пријава биде прифатена, изјави денеска управникот на затворот во кој норвешкиот масовен убиец издржува 21-годишна затворска казна.


– Ќе му дозволиме да студира, но ќе студира од затворска ќелија, изјави Кнут Бјаркеид управник на затворот.


Брејвик нема да може да оди на Универзитетот, испитите ќе ги полага в затвор и нема да има интернет врска со Универзитетот.


Брејвик најави дека би сакал да студира политички науки на Универзитетот во Осло, што предизвика негативни реакции во јавноста и кај универзитетските професори.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани