Брејвик доби дозвола да студира

Од:

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик ќе може да студира политички науки, како што самиот изрази желба, соопшти директорот на затворот Ила кај Осло, каде што овој осуденик за тероризам, ја издржува затворската казна.

– Но, тоа ќе бидат самостојни стидии во ќелијата. Тој нема да може да оди на универзитет или да има компјутер и интернет.

Испитите ќе ги полага во затворот, вели директорот на Ила, Кнут Бјаркеид.

Како што јави дописникот на МИА, норвешката министерка за образование Кристин Халворсен беше изложена на остри критики кога неодамна рече дека правото на затворениците да студираат не се однесува на Брејвик.

Андерс Беринг Брејвик отслужува 21-годишна затворска казна за масовното убиство на 77 лица во 2011 година во терористички напади во Осло и на островот Утоја.

Триесет и четиригодишниот Брејвик го прекинал школувањето кога бил во средно училиште и почнал бизниз, но без голем успех.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани