Брегзит претставува закана и за целовитоста на Велика Британија

Од:

Денешниот референдум во Британија претставува централен настан во ЕУ и во Европа,  затоа што евентуалниот Брегзит би можел да има последици врз иднината на европскиот проект, но и затоа што во европските престолнини се стравува што ќе се случува во самото Обединето Кралство, доколку гласачите се определат за напуштање на Унијата.

Поранешниот дански премиер Андерс Фог Расмусен, во едно интервју за Си-Ен-Ен предупреди на можноста од засилување на национализмот во Шкотска и во Северна Ирска, како последица на сегашниот англиски национализам, за кој се верува дека лежи во основата на распалениот антиевропеизам.

Лидерите на Брегзит зборуваат за тоа дека денешниот ден е „ден на британската независност„, дека треба да се гласа за излегување од ЕУ, за да Британија одново биде независна и ги контролира своите граници, но Расмусен предупредува дека таквите повици за приврзеност само кон сопствената нација,  се националистички и на нив, обично,  брзо следи контра одговор.

Реакцијата се очекува да дојде, пред се, од Шкотска, каде во три мандати едно, по друго управува сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП), во чија платформа се наоѓа отцепувањето од Британија.

СНП е силно проевропака партија, која членството во ЕУ го смета за стратешка определба на Шкотска и на сите Шкотланѓани. Дури над 70 отсто од шкотските гласачи изјавиле дека ќе гласаат денеска за останување во Унијата, што е највисок процент во Британија.
Според тоа, излегувањето од ЕУ, што според сите анкети, е најзастапено во Англија и меѓу Англичаните, би претставувало  директен удар врз шкотските национални интереси.
Лидерот на СНП, Никола Страџен која засега не го отвора ова прашање, пред почетокот на кампањата за референдумот предупреди дека ако се изгласа напуштање на ЕУ, затоа што така сакаат англиските гласачи,  тогаш „ништо нема да може да го спречи засилениот притисок за втор референдум за независност„  во  Шкотска.

Во Северна Ирска, каде се уште се залекуваат траумите од неколкудецениските судирања меѓу унионистите притестанти и католиците, републиканци, веќе има најави дека таму нема мирно да се гледа на  „англискиот избор„. Главната унионистичка партија ДУП се оредели за Брегзит, додека  републиканската Шин Феин за останување во ЕУ, во секој случај, затоа што бара да останат отворени оставњето отворени сегашните безгранични врски на Северот од островот, со Република Ирска, на југот.
Заменик првиот министер во Белфаст, Мартин Мекгинис предуипреди дека враќање на границата меѓу двата дела од Ирскиа , ќе ги врати „немирните години„ во оваа покраина под британска контрола и тогаш Шин Феин ќе бара референдум за обединување на Северна со Република Ирска.
Официјален Даблин,  кој како еден од гарантите на спогодбата од Стормонт,  во меѓувреме му порача на Лондон дека мировниот договор од 1998 година,  е направен под супервизија на ЕУ  (на две земји членки на Унијата) па,  дека работите ќе се изменат доколку едната (Британија) излезе од ЕУ.
Раздижувањето во  Шкотска и Северна Ирска ги тераат безбедносните експерти да зборуваат за реалната закана, Велика Британија- надвор од ЕУ,- да се претвори во „Мала Англија„ при што проблемите што од тоа би се изродиле, не би останале само британски (или англиски).
Двајца поранешни премиери, Џон Мејџор и Тони Блер во текот на кампањата зборуваа за заканата од растурање на Обединетото Кралство.
За тоа во една своја колумна пишуваше и поранешниот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, инаку евроскпетик,  кој предупреди дека надвор од ЕУ, Британија може лесно да остане и без Шкотска. 
На самиот почеток од четиримесечната кампања, на тоа, во една прилика предупреди и премиерот Дејвид Камерои, но  лидерите на Брегзит, до крајот, целосно ја игнориаат заканата, тврдејќи  дека „таа не постои„ и прикажувајќи ја  само како орудие за „плашење на народот“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство