Брегзит предизвика напади врз странци и не смее да се повтори на друго место

Од:

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека британската одлука за напуштање на Европската унија (ЕУ) е причината за нападите на странците во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Прага.

Според него, слична грешка не смее да се случи во ниедна друга земја членка, за да не се дојде во ситуација Европа да ја ,,скрши” национализмот и омразата.

Соботка, исто така, предупреди дека преговорите за идниот однос на Британија и останатите земји на ЕУ ќе бидат тешки.

При преговорите меѓу ЕУ и Лондон, кои треба да почнат идната година, чешкиот премиер очекува ,,тврда средба” на која британската страна нема да биде подготвена за отстапки, но се надева дека нема да се дозволи претерано одалечување на Британија.

Тој ги отфрли обвинувањата на некои западни политичари дека Вишеградската четворка (В4) каде покрај Чешка членуваат и Словачка, Унгарија и Полска се поставуваат против Унијата за нејзино разбивање.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он