Брегзит – Хронологија

Од:

На референдумот на 23 јуни 2016 година, Британците одлучуваат да ја напуштат ЕУ по 46 години членство со поддршка од 52 отсто, додека 48 отсто се противат на напуштањето.

Конзервативниот премиер Дејвид Камерон, кој го распиша референдумот и водеше кампања да се остане во ЕУ, поднесе оставка. Тереза Меј, министер за внатрешни работи и приврзаник за останување во ЕУ, стана премиер на 13 јули 2016 година

На 17 јануари 2017 година, Меј ја објасни својата стратегија за Брекит, велејќи дека Британија ќе го напушти единствениот пазар, што ќе овозможи контрола врз миграцијата. „Без договор е подобро отколку со лош договор”, вели таа тогаш.

На 13 март 2017 година, британскиот парламент ја овластува Тереза Меј да го активира Членот 50 од Лисабонскиот договор, со што почнува процесот на напуштање на Унијата.

Со писмо до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, таа формално известува за намерата на Велика Британија да ја напушти ЕУ. Ова е почеток на 2-годишниот план за излез – напуштањето е закажано за 29 март 2019 година.

Меј распишува предвремени избори на 8 јуни 2017 година. Нејзиниот ризичен потег доведе до губење на мнозинството од нејзината Конзервативна партија, која беше принудена да побара поддршка од Демократската унионистичка партија на Северна Ирска.

Лондон и ЕУ постигнуваат договор на 8 декември 2017 година за три клучни теми – сумата што Лондон ќе ја плати при напуштањерто на ЕУ, правата на граѓаните и границата со Ирска.

Лидерите на ЕУ даваат зелено светло за следниот чекор од преговорите за брегзит вклучително трговски односи по „разводот“. Одлуката за напуштање на ЕУ станува закон на 26 јуни 2018 година.

На 6 јули 2018 година, Тереза Мејј доби поддршка од нејзиниот кабинет да преговара за „слободна трговска зона со ЕУ”. Два дена подоцна, министерот за брегзит Дејвид Дејвис поднесе оставка. Друга клучна фигура во владата – министерот за надворешни работи, Борис Џонсон, исто така, поднесе оставка на 9 јули.

На 13 ноември Кабинетот наМеј објави дека преговарачите постигнале нацрт-договор за напуштање на ЕУ. На 14 ноември, владата го поддржа договорот по неколку часа вжештена дебата. Следниот ден, четворица министри, меѓу кои и новиот министер за брегзит, Доминик Рааб, поднесоа оставка во знак на протест против договорот.

Лидерите на ЕУ го одобрија договорот на 25-ти ноември.

На 10 декември, Мај го одложи гласањето во парламентот, а лидерите на ЕУ одбиваат понатамошни преговори. На 12 декември, пратениците на Конзервативната партија, незадоволни од водството на партијата Тереза Меј, сакаат да гласаат за доверба за лидер на партијата. Таа „победува“ со 200 гласови против 117.

На 15 јануари парламентот конечно гласа за нејзиниот договор со ЕУ, но го отфрли со 432 гласови анспроти 202 гласови – најлошиот пораз за владата во модерната британска историја.

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, повика на гласање за недоверба на владата на 16 јануари. Кабинетот „преживува“ со 325 гласови, а Тереза Меј ветува дека ќе соработува со опозицијата за да најде компромис за брегзит.

На 29 јануари, британските пратеници гласаа за враќање на Меј назад во Брисел за повторно преговарање за заштитната клаузула, сугерирајќи дека така договорот би можел да помине во парламентот.

ЕУ соопштува дека за договорот не може повторно да се преговара.

На 12 март парламентот повторно ги отфрли со 391 глас против 242 дури и откако Меј соопшти дека преговарала со Брисел за промена на најспорните клаузули за нив.

На 13 март, европратениците ќе гласаат за тоа дали Британија треба да ја напушти ЕУ без договор. Ако ја отфрлат таа опција, тие ќе гласаат на 14 март да го одложат датумот на излез од ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска