Олимпиското примирје нема да важи денеска во бразилскиот Сенат, кој ќе гласа дали да продолжи процедурата за импичмент на претседателката Дилма Русеф.
Тоа е претпоследниот чекор од политичкиот процес, кој почна пред неколку месеци во Бразил. Сенатот ќе заседава денеска и во полн состав ќе се произнесе по прашањето.
На противниците на Русеф ќе им биде потребно просто мнозинство од 81 сенатор, за да се приближат до оставката на Русеф, која е политички наследник на поранешниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.
Русеф времено е разрешена од должноста од Горниот дом на 12 мај, а сега ја заменува 75-годишниот Мишел Темер, кој беше нејзин заменик.
Доколку Сенатот одлучи денеска за продолжување на процедурата за импичмент, конечното гласање ќе биде околу 25 август., неколку дена по завршувањето на првите Олимписките игри во Јужна Америка.