Бразилскиот претседател против законот за амнестија на „илегалните донации“ за партиите

Од:

Бразилскиот претседател Мишел Темер изјави дека ќе го блокира донесувањето на контроверзниот закон за амнестирање на сите политичари кои примиле илегални парични донации за нивните изборни кампањи.

Спротивставувањето на Темер доаѓа откако во текот на изминатата недела низ градовите во Бразил се одржале бројни протести против таквиот закон.

– Владата ќе ја почитува волјата на луѓето и нивниот протест против еден ваков закон, изразен на улиците, рече рекол Темер за бразилските медиуми.

Револтот на Бразилците и реакцијата на претседателот се случува во време на широката истрага за корупцискиот скандал, поврзан со државната нафтена компанија „Петробрас“, со која се опфатени голем број високи бизнисмени и политичари.

Темер ја презеде претседателската функција во мај оваа година, по постапката за импичмент против тогашниот претседател Дилма Русеф, која беше обвинета дека манипулирала со финансите податоци за состојбата на бразилската економија.

Мишел Темер тогаш вети остра пресметка со раширената корупција во земјата.

Бразилските медиуми јавуваат дека спикерот на Конгресот (Парламентот) Родриго Маја, најавил оти за законот за „амнестија на поткупувањето“ како што документот се прикажува во јавноста, пратениците ќе гласаат во вторник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск