Бразилскиот Парламент гласа за судење и смена на шефот на државата

Од:

Долниот дом на бразилскиот Парламент денеска ќе гласа за тоа дали на претседателот Мишел Темер треба да му се суди за корупција, иако се очекува лидерот на десниот центар да го „преживее“ гласањето без проблем.

Доколку биде изгласано судење, тоа ќе значи смена на претседателот.

Темер (77), кој се соочува со обвиненија за попречување на правдата и рекетирање, пред гласањето изјави дека треба земјата да ја води кон обнова и излез од длабоката криза.

Опозицискиот лидер Жозе Гимараеш, од левичарската Работничка партија се надева на смена на претседателот.

За Темер да се изведе пред Врховниот суд потребно е двотретинско мнозинство во Долниот дом на Парламентот, кое според локалните медиуми, е под знак прашање.

Бразилскиот претседател во август еднаш веќе избегна процесуирање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск