Бразилскиот министер за правда, Сержо Моро кој стана популарен како „борец против корупцијата“, поднесе оставка и тоа откако претседателот, Жаир Болсонаро одлучи да го смени шефот на сојузната полиција во екот на епидемијата.
Шефот на сојузната полиција, Маурисио Валеишо до крајот на 2018 блиску соработуваше со Моро на истрага за корупција.
Истрагата опфаќаше многу политичари и бизнисмени низ Латинска Америка, вклучувајќи го и поранешниот претседател да Силва.
Моро денеска изјави го предупредил Болсонаро дека менувањето на шефот на сојузната полиција без причина ќе претставува политичко мешање.