Долниот дом на бразилскиот Конгрес синоќа гласаше за отфрлање на обвиненијата за корупција, поднесени од обвинителството против шефот на државата Мишел Темер, со што го избегна појавувањето пред Врховниот суд.
На седницата, која трае до раните утрински часови, досега за отфрлање на обвиненијата гласаа 172 пратеника, што е доволно процесот да биде прекинат.
За да продолжи судската истрага, обвиненијата против Темер требаше да бидат поддржани од минимум две третини од членовите на Долниот дом, односно од 342 од вкупно 513 пратеници.
Одлуката на Конгресот значи дека кривичното дело против бразилскиот претседател се замрзнува до истекот на неговиот мандат кон крајот на следната година.