Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Од:

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александре де Мораеш, отвори истрага против Илон Маск за попречување на правдата во врска со социјалната мрежа Х, се вели во судски документ.

Маск ја оспорува одлуката на судијата Мораес да и нареди на неговата платформа за социјални медиуми Х да блокира одредени сметки.

Маск претходно најави дека Х ќе ги укине ограничувањата бидејќи тие се неуставни.

Мораес во својата одлука рече дека „Х ќе се воздржи од непочитување на која било веќе издадена судска наредба, вклучително и повторно активирање на профилот блокиран од Врховниот суд“.

Доколку X не ја исполни наредбата за блокирање одредени сметки, компанијата ќе биде казнета со 100.000 реали (околу 18.200 евра) дневно, рече судијата, пренесе Ројтерс.

Ниту Маск, Икс, ниту бразилските власти не открија кои сметки на социјалните мрежи се блокирани. X прво ја објави наредбата за блокирање во саботата, но не беше веднаш јасно кога е издадена наредбата.

Би можело да ве интересира

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Маск ја најави најпаметната вештачка интелигенција во светот

А1он

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции

Мерц: Маск ќе се соочи со последици за мешање во германската изборна кампања