Бразилски криминален клан се заканува со напади за време на Мундијалот во 2014 година

Од:

Бразилска криминална организација, позната под кратенката ПЦЦ, се закани со напади за време на Светското првенство во фудбал во Бразил, кое ќе се одржи следната година.

Весникот „О Естадо“ пишува дека оваа група под името „Прва команда на главниот град“, која главно дејствува од затворите ширум бразилската држава Сао Паоло, се заканува дека Светското првенство ќе биде „Мундијал на стравот“ доколку нивните шефови бидат префрлени во други казнено-поправни домови.

– Заканите не се однесуваат само на Мундијалот, туку и на претседателските избори, објавува весникот. Како што е наведено, ПЦЦ е огромна организација поделена во дивизии, која го контролира нарко-пазарот, се занимава со сите видови на криминал, овозможува и финансира легална одбрана на своите членови. Групата, која има повеќе од 11.000 членови, вклучувајќи ги оние 6.000 кои моментно се наоѓаат во затвор, исто така дејствува во Боливија и Парагвај.

Светското фудбалско првенство, кое е прво во Бразил од 1950 година, почнува во јуни следната година во Сао Паоло.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск