Бразилската претседателка Дилма Русеф нема намера да поднесе оставка

Од:

Бразилската претседателка Дилма Русеф денеска изјави дека под никакви околности нема да поднесе оставка и обидите за импичмент против неа ги спореди со државен преврат против демократското владеење,бидејќи таа не извршила никаков криминал, пренесуваат британските медиуми.

Русеф го повика бразилскиот Врховен суд да остане непристрасен во политичкиот спор и одобрението за нејзиниот прислушкуван телефонски разговор го оцени како посегање по Уставот и националната безбедност.

Бразилската полиција денеска изврши десетици претреси и апсења во рамки на масовната операција против корупцијата во скандалот „Петробраз“, што предизвика политички потреси во земјата, посочија во коминике силите на редот, цитирани од француските медиуми.

Околу 380 агенти извршиле 110 претреси, издадени биле 15 наредби за привремено приведување и 28 наредби за апсење против осомничени членови на мрежа за паралелно сметководство на градежната група „Одебрехт“, посочи федералната полиција.

„Одебрехт“, еден од најголемите градежни конгломерати во Латинска Америка, е обвинет дека заедно со други компании во 2006 година создал картел за системско фалсификување на тендери на „Петробраз“, за да ги добие договорите.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски