Бразилската полиција соопшти дека запленила околу 1.300 килограми чист кокаин, скриен во контејнери во пристаниште во Рио де Жанеиро.
Полицискиот инспектор Фабрицио Оливеира изјави за новинарите дека кокаинот бил пронајден во вторникот вечерта, скриен во 48 куфери во два контејнери, додавајќи дека ова е една од најголемите заплени во Рио.
Досега никој не е уапсен, а полицијата почна истрага за да го утврди потеклото на дрогата, како и за кого е наменета истата.