Бразилската полиција го уапси денеска шефот на националниот Олимписки комитет Карлос Артур Нузман, кој беше обвинет за вмешаност во шемата за купување гласови на членови на МОК, за да се избере Рио де Жанеиро за домаќин на ОИ во 2016 година.
Леонард Гринер, поранешен маркетинг шеф на националниот ОК, исто така, е уапсен поради вмешаност во т.н. истрага „Нефер игра“, соопшти полицијата.