Бразил губи годишно околу 10.000 кв/км прашума

Од:

Околу 9.760 квадратни километри од бразилската амазонска прашума се уништени од август 2018 година до јули 2019 година, објави бразилската национална агенција ИНПЕ.

Тоа е речиси 30 проценти повеќе отколку што беше уништено за истиот период минатата година и најголема површина на уништена прашума регистрирана од 2008 година.

Министерот за животна средина Рикардо Салес ја обвинува нелегалната економска активност за уништување на огромните простори на прашумата.

Но, активистите за животна средина сметаат дека владата на претседателот Жаир Болсонаро е одговорна бидејќи отвори огромни простори на најголемата светска прашума во комерцијална експлоатација.

„Новите податоци покажуваат дека уништувањето на амазонската прашума е целосно надвор од контрола“, нагласи Роберто Малдонадо од Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски