Брат и сестра осомничени дека со другари го организирале убиството на нивниот татко

Од:

По убиството на 40-годишен маж во поранешната болница Хохенгатов во Берлин, полицијата идентификуваше четворица осомничени. Според заедничкото соопштение на полицијата и државното обвинителство, станува збор за две деца на жртвата, 16-годишен син и 14-годишна ќерка и 15-годишната девојка на синот, како и нивниот 17-годишен познаник, пренесува магазинот Феникс.

Двете деца наводно го намамиле својот татко на местото на злосторството, на паркинг во шумска клисура. Таму, наводно, со неколку истрели го застрелаа таткото Сириец, кој почина на лице место.

Стотици полицајци беа на терен во саботата наутро кога беа издадени налози за осомничените.

Синот и неговиот пријател се приведени и изведени пред истражен судија. За другите двајца осомничени нема налог за апсење.

Заднината на злосторството се уште е нејасна.

Би можело да ве интересира

Германската полиција во „војна“ со десничарска екстремистичка група

13 годишно девојче нападнато од осуммина и силувано на базен во Келн

Предраг Петровиќ

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

Убиство во Германија: Ја уби сопругата, а нејзиното тело го криеше во торба

(ВИДЕО) Силно невреме во Германија: Ветер урна шаторот, триесетина се повредени

Тинејџер избоде со нож момче во училиште во Германија, а потоа се самозапали