Бранот од разводи се шири во Европа

Од:

Премиерот на Чешка, Петр Нечас изјави дека поднел барање за бракоразводна парница од сопругата Радка со која што има четири деца.

Како што пренесува „Ројтерс“, лидерот на десниот центар уште во јануари обелоденил дека повеќе не живее со својата сопруга со која што се запознал за време на студии.

–Со особено внимание кон нашите деца, се обидуваме да ја решиме оваа лично тешка состојба, се наведува во неговото соопштение.

Разводот не им е стран на чешките лидери и не влијае на нивната популарност.

Неговиот претходник, Мирек Тополанек во 2010 година се разведе од својата сопруга.

Веста за разводот на Нечас следеше само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека се разведува од сопругата Људмила со која беше во брак 30 години.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот