Израелската војска започна широк бран воздушни напади врз локации низ Техеран.
Иранските државни медиуми, вклучувајќи ја и новинската агенција Фарс, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), објавија дека детонации се слушнале низ целиот ирански главен град, објави Би-Би-Си.
„Граѓаните пријавиле дека слушнале гласни експлозии низ градот“, објави Фарс.
Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека воздушните напади биле насочени кон „терористичката инфраструктура“ во Техеран.
