Брахими: Меѓународната конференција за Сирија нема да се одржи во јули

Од:

Меѓународната мировна конференција за Сирија нема да се одржи во текот на јули, како што беше претходно планирано, бидејќи сириската опозиција дотогаш се уште нема да подготвена за учество на таков собир, изјави денеска специјалниот претставник на ОН и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими.


Брахими потенцира дека следната средба на сириската опозиција ќе се оддржи на 4 и 5 јули, па, според него, нивните претставници нема да можат да се подготват за учество на меѓународна конференција во текот на следниот месец. 


Брахими, кој во Женева учествува на подготвителниот состанок на дипломатските претставници на САД, Русија и ОН за мировната конференција за Сирија, изрази сомнеж дека американските и руските дипломати ќе можат да се усогласат по сите параметри за подготовка на мировниот форум.


– Се она што се случува сега е многу сериозно. Состојбата (во Сирија) не го погодува само сирискиот народ, туку и меѓународната безбедност, нагласи Брахими.


Тој ги повика земјите од Блискиот Исток и големите сили, пред се САД и Русија да преземат мерки за надминување на сегашната ситуација која, како што рече, „излегува од контрола не само во Сирија, туку и во регионот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија