Брачен пар од Австрија дојде во Грција на меден месец и загина во поплавите

Од:

Маж и жена од Aвстрија, кои бea на меден месец во Грција загинаа откако поројниот дожд ја однел куќата во која престојувале. Нивната викендичка во одморалиштето Потистика, во близина на планината Пелион, беше однесена од морето во поројната поплава што ја донесе бурата Даниел на 6 септември.

Танасис Самарас, сопственикот на куќата, претходно изјави дека мажот и жената се од Грац. Иако парот не беше именуван, австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека ДНК тестот го потврдил нивниот идентитет.

„Со длабока тага мораме да ја потврдиме смртта на двајца австриски државјани во Грција“, рече портпаролот на австриското МНР.

„Споредбата на профилот на ДНК сега го потврди идентитетот на двете исчезнати лица. Во овие тешки моменти, им изразуваме најдлабоко сочувство на семејствата и на загинатите“, додаде тој.

Тој истакна дека персоналот на австриската амбасада во Атина им пружил поддршка на роднините на двојката, јавува Би-Би-Си.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека неговата земја се соочува со „војна во мирно време“.

„Во период од две недели го доживеавме најтешкиот шумски пожар и најлошите поплави во нашата историја“, рече тој.

Во поплавите загинаа 15 лица, а илјадници се во привремени засолништа или кај роднини.

Сопственикот на викендицата раскажа како австриската двојка решила да се засолни во бунгаловот што го изнајмиле за нивниот меден месец додека обилните дождови ја зафатија централна Грција. Тој тврди дека тој и другите гости отишле на височина и ја советувал двојката да го стори истото.

„Ситуацијата беше многу лоша. Многу е тешко да се одлучи што да се прави во такво време“, се сеќава тој.

Научниците предупредија дека глобалното затоплување значи дека повеќе вода испарува во текот на летото, што доведува до поинтензивни бури. Инаку, Грција речиси цело лето се бори со разорни пожари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прва жртва од невремето кое ја зафати Италија

Почина брачна двојка: Спасувачите ги затекнаа прегрнати

Предраг Петровиќ

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драматична снимка од БиХ: Маж заглавен пред неговата куќа, спасувачите му фрлаат јаже