Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Од:

Предавање на сите ревизорски извештаи досега кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање на процес на постојана редовна ревизија на сите институции беше договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески.

„Несериозен е однос кон ревизорските извештаи коишто со години забележување и нотирале и згора на тоа информирале за криминал во институциите како што се ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола, а никој не реагирал. Ова веќе ќе престане како пракса, секој што направил криминал или ќе се обиде да направи криминал во делот на енергетиката ќе се мора да одговара. Нема да имам никаква толеранција кон секој оној кој го прекршил законот“, изјави министерката Божиновска на средбата со Ацески.

Главниот ревизор и укажа на досегашните извештаи за работата на овие институции и нотирани се неправилностите.

По средбата со Ацески ќе стапиме во комуникација со надлежните институции за иницирање на постапки за проверка на сите регуларноста истакни во ревизорските извештаи.

Во текот на вчерашниот ден, министерството испрати и допис до Биро за метрологија, Државен инспекторат за техничка инспекција, Агенција за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод, АД МЕПСО, ЕСМ, Национален оператор на пазар за електрична енергија, АД НОМА ГАС, ЈП „Стрежево“, Агенција за енергетика за доставување на извештај за спроведените активности изминатите 4 години и финансиската состојба во која се наоѓаат институциите.

Би можело да ве интересира

Божиновска: Ги поддржуваме иницијативите за зелени енергетски коридори и енергетско складирање

А1он

Македонска пошта тоне во загуби и долгови, а директорите лани си ги зголемиле платите

Катерина Ѓуровски

Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови

А1он

Божиновска: Набавката на јаглен сега ќе биде транспарентна

Во редици, со часови се чека за ваучерите за инвертер клими

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции