Бостон глоуб: Еден од осомничените за нападите на бостонскиот маратон е во притвор

Од:

Еден осомничен за бомбашките напади во Бостон за време на маратонот е уапсен, објави весникот Бостон глоуб повикувајќи се на изјави на неименуван извор близок до истрагата.

Вториот осомничен за нападот е на слобода во Ватертаун по престрелка со полицијата. Според медиумот, во моментот се извршува потера по него заради што е затворена област од околу дваесет блока.

– Сцена на хаос е во Кембриџ и Ватертаун од синоќа откако полицијата соопшти дека е убиен еден полицаец во кампусот на престижниот МИТ универзитет и најверојатно кражба на автомобил ја насочила полицијата на истрага во Ватертаун, наведува весникот на својата интернет-страница.

Сведоци во Ватертаун тврдат дека слушнале експлозии. Во Ватертаун истрагата ја презеде ФБИ.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он