Повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан го зголемува ризикот од активирање на терористите во земјата и ширење на нивната дејност ширум регионот, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортников.
Неговата изјава е дадена на седницата на Советот на шефовите на безбедносните органи и специјалните служби од земјите на Заедницата на независни држави (ЗНД) во казахстанскиот главен град Астана.
Тој истакна дека движењето Талибан и поврзани со него групи од Пакистан и Авганистан се подготвени да го преземат деструктивното дејство на џихадистичката Исламска држава (ИД).
– Затоа се зајакнува улогата на Советот на шефовите на специјалните служби од ЗНД како ефективен инструмент за координирање на напорите на одделни земји за обезбедување мир и правен поредок, нагласи Бортников.