Борис Џонсон во посета на Шкотска

Од:

Новиот британски премиер Борис Џонсон заминува денеска во посета на Шкотска на своето прво официјално патување во кое ќе повика на единство, како одговор на предупредувањето за се поизвесен брегзит без договор.

Џонсон треба да објави нови финансиски средства за локалните заедници и ќе укаже дека Обединетото Кралство е „светски бренд”.

-Заедно, ние сме побезбедни, посилни и поуспешни, рече тој во најавата за посета.

Шкотска ќе биде првата посета на делови од Обединетото Кралство за време на која премиерот ќе се обиде да добие поддршка за неговиот план за брегзит.

Шкотската прва министерка Никола Старџен смета дека на Шкотска која на референдумот во 2016 година гласаше за останување во ЕУ, и треба „заменска можност“ наместо стратегијата на Џонсон за брегзит. Џонсон ветува дека Лондон на 31 октомври ќе ја напупшти ЕУ со или без догвоор.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година