Борис Џонсон: Терористичкиот напад во Лондон е напад против целиот свет

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека терористичкиот напад крај парламентот во Лондон е напад врз целиот свет.

Тој, сепак, изрази увереност дека светот може да го врати „бранот на омраза“ и истакна дека Велика Британија ќе споделува информации за нови закани со партнерите.

Говорејќи за време на посетата во седиштето на ОН во Њујорк, Џонсон пред новинарите изјави дека интернет провајдерите и компаниите зад социјалните медиуми „треба да ги следат содржините кои се појавуваат на нивните сајтови, да бидат внимателни и да ги отстрануваат таквите” текстови и материјали, кога е потребно.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он