Борис Џонсон пристигна во ненајавена посета на Сомалија

Од:

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска пристигна во ненајавена посета на Сомалија, јавија американските медиуми, повикувајќи се на помошникот на новоизбраниот претседател на земјата, Мохамед Абдулахи Мохамед.

Веднаш по пристигнувањето, на самиот аеродром во Могадишу, Џонсон оствари средба со Мохамед.

Велика Британија повикува на меѓународна помош за Сомалија, забележаа американските медиуми.

Според податоците на ОН, сушата во оваа источноафриканска држава, што веќе е прогласена за национална катастрофа, му се заканува на приближно половина од шестмилионското население на земјата.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот