Борис Џонсон: Одлуката на судот нема да се одрази на плановите за Брегзит

Од:

Одлуката на судот за тоа дека британскиот Парламент треба да го има последниот збор за прашањето за излез на Велика Британија од Европската Унија не треба да и попречи на владината работа,  изјави шефот на британската дипломатија Борис Џонсон во Берлин, додека неговиот германски колега побара преговорите за Брегзит да почнат „колку што е можно поскоро“.

Џонсон изјави дека излезот на Велика Британија од ЕУ е огромна можност и дека  „со добра желба преговорите може да се претворат во делотворни за двете дискусии“.

Британскиот министер подвлече дека не треба на судската одлука да и се придава преголемо значење, (бара одборение од Парламентот), пред да се активира процедурата за Брегзит. Тој изрази увереност дека тоа нема да ги промени плановите на премиерката Тереза Меј за старт на процесот на излегување до крајот на март следната година.

-Важно е да се разбере дека тоа е една етапа од правната процедура и дела владата планира да ја обжали оваа одлука, изјави Џонсон по средбата со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер.

-Не е тајна дека не бев особено воодушевен од тоа,  но Брегзит е јасна и несомнена позиција на вашата Влада. Жалиме за тоа, но се разбира дека ја почитуваме оваа одлука, забележа Штајнмаер.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он