Доскорешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кој сега е водечка личност во кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ, е обвинет дека агитира против Унијата, само за стане идниот британски премиер.
Во дебатата на лондонската телевизја Ај-Ти-Ви, пред референдумот на 23 јуни, Џонсон ги уверуваше гласачите и присутните во студиото дека на Велика Британија и претстои „просперитет како никогаш досега“ доколку ја напушти ЕУ, но беше обвинет дека оперира со непроверени и неточни податоци кога зборува за Унијата, затоа што единственото што го интересира е неговата идна функција.
Лидерот на Шкотската национална партија (СНП) и прв министер на Шкотска, Никола Старџен, која учествуваше во телевизиската дебата, го обвини Џонсон за нечесно водење на кампањата и за вадење податоци „од ракав“, кога станува збор за перспективите на британската економија и за вистинските состојби со имиграцијата, секогаш кога треба да се напаѓа Унијата.
Според неа, таквото однесување не изненадува и го обвини дека единственото што го интересира во сегашната референдумска кампања е „функцијата на премиерот Дејвид Камерон“.
Остри обвинувања за Џонсон дека кампањата му е потребна за задоволување на лините амбиции, му упатија и претставникот на опозициската Лабуристичка партија во дебата Анџела Игл, како и неговата сопартијка и заменик министер за енергија Амбер Рад.
Џонсон во дебатата ги повтори познати евроскептични и антиевропски ставови на неговите истомисленици, за тоа дека имиграцијата може да се разреши со излегување од ЕУ, плашејќи ги Британците дека земјата ќе мора да плаќа повеѓе пари за Брисел како ќе се шири Унијата, тврдејќи дека останале амбициите за создавање уште поинтегрирана ЕУ.
Како и другите од кампањата за Брегзит и Џонсон не дава никаква елаборација на она што го зборува, ниту нуди некакви податоци, па другите учесници во дебатата го критикуваа за манипулирање со јавнста со невистините „аргументи“.
Борис Џонсон до неодамна беше сојузник на премиерот Дејвид Камерон и противник за напуштањето на ЕУ.
Сега вели дека ја сменил определбата откако Владата не успеала да оствари намалување на приливот на мигранти, посебно на оние од земјите на ЕУ од Иточна Европа, но многумина аналитчари во Лондон веруваат дека промената е резултат на намерата со помош на евроскпетицизмот кај конзервативците и кај англиските гласачи да го наследи Камерон на лидерската функција и да стане премиер.