Борис Џонсон: Нов референдум ќе предизвика бес, ЕУ ја водат копилиња

Од:

Новиот референдум за Брегзит ќе предизвика бес кај Британците, изјави денеска Борис Џонсон, поранешен шеф на дипломатија и жесток поборник за повлекување на Велика Британија од ЕУ, критикувајќи ги, како што рече, „копилињата кои ја водат Европа”.

-Мислам дека тоа нема да биде можно. Мислам дека бесот би бил премногу силен. Луѓето би биле целосно бесни поради идејата за повторно гласање за тоа, рече Џонсон на конференција во Њу Делхи.
Тој истакна дека кампањата за референдумот во 2016 година била „многу тешка” и оти земјата е длабоко поделена, а новото гласање би го имало истиот ефект.

Џонсон минатата година ја напушти владата на Тереза Меј во знак на протест поради нејзиниот нацрт-договор со ЕУ, кој предвидува границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска да остане отворена, таканаречен „бекстоп“ .

Британскиот парламент, во меѓувреме, го отфрли договорот и британската премиерка се наоѓа во политичката бура како што се приближува 29 март, предвиден датум за Брегзит.

Тој, исто така, ги отфрли обвинувањата дека Брегзит е „ксенофобичен, националистички и реакционерски феномен”.

-Мојата замерка кон ЕУ е дека ја водат странци. Проблемот е што не знаеме кој ја води. Би било невозможно да ви кажам кои се тие, што прават, како дошле на функции или како може да се сменат, рече тој.
На поранешниот шеф на британската дипломатија му излета дека „нема идеја како да ги отпушти тие копилиња”, но брзо се коригира.

-Не велам дека се копилиња. Но, милиони и милиони луѓе во Велика Британија немаат поим како функционира системот. Тоа им е сосема туѓо, вели Џонсон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски