Борис Џонсон нема да се кандидира за лидер на конзервативците во Британија

Од:

 Поранешниот градоначалник на Лондон и главен фаворит за нов лидер на Конзервативната партија и иден премиер, Борис Џонсон денеска објави дека нема да се кандидира за наследник на Дејвид Камерон.

Во соопштение до британската јавност, дадено пред истекот на рокот за номинирање, Џонсон призна дека неможе да обезеди подршка за својата номинација, ниту пак да создаде единство меѓу длабоко поделените ториевци.

По консултации со пратеници, Џонсон објави денеска дека „имајќи ја предвид ситуацијата во Парламентот“, смета дека не може да биде следниот лидер на владејачката партија. Џонсон беше еден од лидерите на кампањата за поддршка на Брегзит.

Изјавата на „ѕвездата“ на британската политичка сцена доаѓа само половина час по неочекуваното кандидирање на Мајк Гоув, министер за правда и еден од лидерите на кампањат за Брегзит, кој уште рече дека на тоа се одлучил откако видел дека Џонсон нема сили да обезбеди лидерска позиција.

Ваквата разврска во финишот на номинирањето на кандидати за наследник на актуелниот лидер и премиер, Камерон кој поднесе оставка минатиот петок, доаѓа како изненадување, затоа што Џонсон ја смени страната околу референдумот за ЕУ и стана „тврд антиевроеец“ само за да обезбеди поддршка за својата амбиција – да влезе во Даунинг стрит 10.

Неговата острина во кампањата, грубите дисквалификации за ЕУ, какви нема изнел ниту еден британски политичар во поново време и споредбата на ЕУ и проектот за европското интегрирање со „нацистичката визија“ за Европа од времето на Адолф Хитлер, предизвикаа тој да биде осудуван во доманата и во европската јавност.

Мнозинството од британските ториевци сфатија дека и покрај неговата харизма и популарност како градоначалник, по се што рече во кампањата за референдумот, не може да биде лидер на владејачката партија, а уште помалку да биде премиер и да ја предводи Велика Британија.
Неговите подржувачи и утринава продолжија да зборуваат дека при промоцијата на својата кандидатура ќе ја истакне својата „визија за нова и ослободена Британија“ и за „светлата иднина“, но сето тоа падна во вода, по кандидирањето на Гоув.

Тереза Меј во својот прв јавен настап, како формален кандидат за нов лидер, јавно го дискфалификува Џонсон, порачувајќи дека тој никако не може да биде човекот што треба да преговара со ЕУ, околу раздружувањето по Брегзит.

Актуелниот премиер Камерон соопшти дека поднесува оставка од двете функции, ден откако Британците гласаа на референдум за излез на државата од Европската унија. Тој беше приврзаник за останување на Велика Британија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он