Борис Џонсон: Избегнувајте непотребни социјални контакти

Од:

Британските граѓани треба да ги избегнуваат сите непотребни социјални контакти, јавни настани и патувања, нагласи денеска премиерот Борис Џонсон, остро критикуван за неговиот „млак“ одговор на епидемијата на новиот коронавирус поради кој во таа држава живот загубија 53 луѓе.

Џонсон рече дека се става крај на социјалниот живот во петтата најголема економија во светот.

– Сега е време сите да го прекинат непотребните контакти со другите и сите непотребни патувања, рече Џонсон на прес-конференција на Даунинг стрит.

– Треба да избегнувате пабови, клубови, театри и други такви места.

На прашањето дали ќе нареди затворање на пабови, клубови и театри, Џонсон рече дека нема, но се надева дека граѓаните ќе заземат одговорен пристап.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија