Велика Британија и понатаму ќе има достап до единствениот пазар во ЕУ, и покрај тоа што гласаше да излезе од Унијата, тоа го нагласи лидерот на кампањата брегзит, и фаворит за следен премиер Борис Џонсон.
Во редовна колумна во Дејли телеграф, тој наведува дека сега Британија може подобро да изгради односи со ЕУ на база на слободна трговија и партнерство, отколку на федерален систем и дека државата ќе може да случи договори за слободна економија со држави во развој вон ЕУ.
Џонсон вели дека шефот на Банк од Ингланд, Марк Карни кој беше напаѓан пред референдумот од приврзаниците на брегзит, треба да остане на функцијата.
– Економијата е во добри раце, нагласува Џонсон.