Борел во засолниште поради руските напади на Киев

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој е во дводневна посета на Украина, објави дека утрото го поминал во засолниште.

Како што изјави, тој заврши во засолништето поради сирените за воздушен напад што се огласиле низ целиот Киев.

„Го започнувам утрото во засолниште додека сирените се огласуваат низ целиот Киев. Ова е секојдневната реалност на храбриот украински народ, откако Русија ја започна својата нелегална агресија“, напиша Борељ на платформата Х.

Русија изутрината изврши ракетен напад врз Киев и други украински градови, соопшти украинското воздухопловство, а во главниот град се слушнаа неколку експлозии додека системи за противвоздушна одбрана беа ангажирани во одбивањето на нападот.

Како што соопшти вчера прес-службата на Европската унија, тој ќе се обрати и пред пратениците во Врховната Рада.

Високиот претставник и потпретседател Борељ ќе ја посети Советодавната мисија на ЕУ за реформа на цивилниот безбедносен сектор во Украина (ЕУАМ Украина).

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ