Борел: Тензиите во Идлиб може да ескалираат до меѓународен судир

Од:

Тензиите во сирискиот регион Идлиб може да ескалираат во голем меѓународен конфликт, изјави денеска Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, додавајќи дека Унијата ќе ги разгледа сите неопходни мерки за заштита на своите безбедносни интереси.

Според него, ескалацијата во Идлиб мора итно да престане, бидејќи постои ризик тој да стане голем отворен меѓународен воен конфликт. Исто така, предизвикува неподносливо хуманитарно страдање и ги става во опасност цивилите, напиша Борел на Твитер.

„ЕУ ги повикува сите страни на брза деескалација и жали за сите загубени животи. ЕУ ќе ги разгледа сите неопходни мерки за да ги заштити своите безбедносни интереси. Ние сме во контакт со сите релевантни актери“, рече Борел.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка