Борел: Сакам да се ангажирам на Западен Балкан

Од:

Именуваниот шеф на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, своето прво обраќање пред Европскиот Парламент го започна со Западен Балкан.

– На самиот почеток сакам да ја изразам својата намера да се ангажирам на реформите и процесот на интеграции на Западен Балкан, изјави Борел.

Тој посочи дека доколку биде потврден на таа функција, освен на Западен Балкан ќе се фокусира и на поддршка на територијалниот интегритет на Украина, понатамошно развивање стратегија за Африка и Азија, јакнење на односите со Латинска Америка и обновување на трансатлантските односи со САД.

Пред да биде потврден на функцијата шеф на дипломатија на ЕУ и потпретседател на Еврокомисијата, Борел ќе мора да го мине сослушувањето пред Надворешнополитичката комисија и да одговори на пратеничките прашања кое се однесуваат на неговото знаење и способност да ја води надворешната политика на Унијата.

Во обраќањето пред Надворешнополитичката комисија, Борел истакна дека ЕУ го поседува неопходното за соочување на се поголемите предизвици во глобалната политика.

– ЕУ ја има најдобрата комбинација во светот, која подразбира политичка слобода, економски просперитет и социјална кохезија, потенцираше Борел.

Би можело да ве интересира

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Борел во Бејрут повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

А1он

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт